Несекојдневна ситуација се случила поради еден постигнат гол. Поточно поради два.
Фај Мартинез, популарна колумбиска радио-водителка, која на Инстаграм ја следат околу 100.000 луѓе, а на Твитер околу третина од тоа, го исполнила своето неодамна дадено ветување дека ќе се слика гола ако на натпреварот кој го следела се случи нешто одредено.
Имено, таа малку се “излетала” со неодамнешната изјава, кога тврдела дека јавно ќе се разголи ако таа недела, (сакала да каже на мечот помеѓу Депортиво и Агвилас), Марко Перез го постигне првиот гол за клубот од Кали. Перез не постигнал гол на споменатиот натпревар, но успеал три дена подоцна, и тоа кога два пати ја затресол мрежата на екипата на Хуниор, за триумф од 2-1.
Мартинез се обидела да се извлече со тврдењето дека изјавата важела само за натпреварот против Агвилас, но на крајот фановите ја убедиле да го исполни ветувањето и да си остане на дадениот збор, кој, како што тврдат, важел за целата недела, а не само за еден натпревар во неа.
Фото: Твитер принтскрин/ La martinez