Кон крајот на јули претходната година, новинарката и водителката, Анастасија Деа Богдановска се реализираше за првпат во улогата на мајка.
Анастасија и нејзиниот сопруг Богдан Илиевски – Бетмен станаа родители на ќерка за која го одбраа името Дениција.
Водителката е активна на социјалните мрежи и често знае да сподели фотографија од нејзината наследничка оставајќи емотивни пораки или совети од една мајка.
Овојпат, Богдановска објави фоготрафија на која позира со сопругот Богдан Илиевски Бетмен и ќеркичката Дениција.
На фотографијата може да се забележи насмевката на Богдан и Деа, а малата Дениција е пресреќна во друштво на мама и тато.
„Семејство“, напиша кратко Анастасија.
Инаку, Деа и Богдан се запознале преку заеднички пријател, а шармантната новинарка и ТВ водителка долго време ја криеше врската со својот избраник. Особено додека над него беа надвиснати темните облаци на неправдата и затворската закана заради познатите настани од кобниот 27 април во Македонското собрание.
Но, откако Богдан Илиевски попознат по прекарот „Бетмен велит“ ја доби заслужената амнестија, тие го симнаа превезот на нивната љубовна тајна. Богдан ја симна маската на Бетмен, а Деа јавно ја покажа својата љубов, а сега имаат и ќерка.