Својата поддршка кон домашната музика и уметноста воопшто Панчо и Андреј, односно двоецот ДНК уште еднаш решија да ја изразат на мошне уникатен начин.
Имено, нивниот последен материјал, односно ексклузивното „The best of“ издание, како и ДВД изданието од последниот концерт во Метрополис арената се ставени на продажба, и тоа не е се – најинтересно е што сите фанови на ДНК од Скопје нарачката ќе ја добијат, што се вели, на рака и тоа лично од Панчо и Андреј.
– Сите се наоѓаме во исклучително тешка состојба, а нашата дејност е можеби и најпогодената во целава ситуација. Нас како ДНК (Панчо и Андреј) единствената егзистенција ни доаѓа исклучиво преку музиката, поентата на ова наше обраќање не ни е да се жалиме бидејќи знаеме и свесни сме дека има семејства, фамилии и луѓе кои се во многу полоша состојба од нашата, туку сакаме да ја подигнеме свеста за ПОДДРШКА на македонската музика и воопшто уметноста во овој исклучително тежок период за сите артисти преку купување на нашите дела за сите оние физички лица и фирми кои се во можност и кои на некој начин сакаат да не поддржат во овој период. Иако имаме 5 албуми се одлучивме да го ставиме нашиот последен албум “THE BEST OF” ( ексклузивно издание ) и ДВД изданието од нашиот последен концерт во Метрополис арената од 2017 година по повод 15. наш роденден , велат Панчо и Андреј.
Изданијата може да се купат и нарачаат исклучиво онлајн преку ФБ фан страницата на DNK и на приватните ФБ и инстаграм-профили на Панчо и Андреј @djshortypofficial @andrejdnk.
– Доставата ќе биде биде бесплатна низ цела Македонија, а во Скопје ќе бидат доставени лично од нас. Секаков вид на поддршка од ваша страна ќе ни биде добредојдена, дури и само ако го споделите постот и ја проширите приказната да допре до што повеќе луѓе, велат дечките и откриваат дека наскоро од нив ќе следува и нешто ново.
Цените на изданијата се:
“Најдоброто од ДНК”/500 ден.
ДВД / 600 ден.
💿+📀 = 1000ден.