Снежана Савиќ и Небојша Дугалиќ ги толкуваат главните улоги во новата серија „Јованка Броз и тајните служби“, а сега е откриено дека ќе има и интимни сцени од спалната соба на маршалот. Снимањето на серијата трае подолго време, а сега шармантната актерка Снежана Савиќ открива пикантни детали од сетот.
„Во серијата ќе има интимни сцени помеѓу Јованка и Тито. Во својата спална соба тие разговараа и за политичките настани во земјата. Една од темите за кои ќе зборуваат во тие четири sида е моментот кога ќе откријат дека биле прислушувани“ – изјавила актерката за српски Информер.
Инаку, серијата ќе се емитува на Радио телевизија Србија и ќе има 10 епизоди.
https://www.youtube.com/watch?v=b7TgkJyELEM