Радио Милева погрешен чекор?

Целата српска јавност застана зад неа откако објави дека била силувана од својот професор по глума, а сега со една фотографија Милена Радуловиќ го навлече сиот гнев и бес на нацијата (ФОТО)

Целата српска јавност застана зад неа откако објави дека била силувана од својот професор по глума, а сега со една фотографија Милена Радуловиќ го навлече сиот гнев и бес на нацијата (ФОТО)

Актерката Милена Радуловиќ се најде во фокусот на вниманието на јавноста и медиумите кога реши да направи тежок, но храбар чекор пријавувајќи гопрофесорот по глума Мирослав Мика Алексиќ за силување и сексуално вознемирување. Неколку други млади девојки кои доживеаа слична судбина од споменатиот професор, по неа  се решија на ист таков чекор. Тој чекор  на актерката го поддржа целата српска јавност, за сега истата таа јавност да го истури сиот свој бес и гнев на нејзината последна најава со лавина од навреди.

Имено, актерката сподели објава на своите Инстаграм  приказни во која го поддржа пропагандниот филм „Quo Vadis, Aida? и неговата номинација за Оскар. „Кво Вадис, Аида? е филм од БиХ  кој говори за злосторството во Сребреница и е прв долгометражен филм на оваа тема. Филмот според српската јавност е, во најмала рака, исполитизиран и користен заради извртување на историјата, за да покаже дека геноцидот бил извршен од Србите во Сребреница, иако самите Обединетите нации не усвоија резолуција во 2015 година со која ќе му се наметне ова злосторство на српскиот народ.

Филмот има за цел директен напад врз српскиот народ и помирување во регионот. Имено, заплетот на филмот се случува во јули 1995 година, а главниот лик е Аида, преведувачка на Обединетите нации (ООН), која се обидува да го спаси своето семејство откако Армијата на Република Српска ќе ја зазеде Сребреница.

Да потсетиме, српскиот филм „Дара од Јасеновац“ не беше номиниран за Оскар, иако доби одлични критики. 

 

 

To top