Пејачката Маја Шупут стана мајка. Таа со царски рез се породила во болница во Загреб и на свет го донесе своето прво дете, односно син, пишува стори.хр
Пејачката и нејзиниот сопург се уште не открија како ќе се вика наследникот, но неодамна на Инстаграм открија дека одбрале име.
„Сите ме прашувате за име. Запишано и заклучено во мојот дневник. Нема да ви кажам“, кратко напиша пејачката.
Инаку пред да се породи пејачката ја покажа својата детска соба како од бајките каде ќе престојува бебето.
Ова е заедничко прво дете на Маја и нејзиниот сопруг Ненад, а пејачката не ја криеше среќата што остана бремена во оваа фаза од животот.