Мегафон настани и манифестации

Денови на македонската фотографија

Денови на македонската фотографија

Единствената асоцијација од областа на фотографијата – Фото сојузот на Македонија, годинава прославува 75 години постоењена македонската фотографска сцена. Во рамките на своето работење Сојузот како носител на фотографската, визуелната и културната традиција на Македонија и оваа година го објави конкурсот за најстариот и најреномиран фотографски настан во нашата држава: „Денови на македонска фотографија“.

На конкурсот може да земат учество професионални но и фотографи аматери, преку кој ќе успеат да се претстават на пошироката македонска јавност. Како и до сега, фокусот ќе остане на заокружената целина на фотографскиот процес или печатената форма (принтот).

Жирирањето на фотографиите кое ќе се одржи на 24-ти април ќе биде составено од следните членови: Др.Проф. Цветан Гавровски – Мајстор на фотографија на Фото сојузот на Македонија, Душан Доцевски – Кандидат мајстор на фотографија на Фото сојуз на Македонија и Мирослав Масин академски ликовен уметник.

Завршната манифестација, секако според соодветните протоколи за заштита и безбедност на сите учесници и посетители е планирана да се одржи во Охрид од 29 мај до први јуни на која освен проекции на фотографии ќе биде претставена и инстаграм фотографијата.

To top