Радио Милева страшни детали

Емотивна исповед на Деми Ловато: „Невиноста ја изгубив со силување“

Емотивна исповед на Деми Ловато: „Невиноста ја изгубив со силување“

Пејачката Деми Ловато во својот нов документарец проговори за силвувањето кога била тинејџерка.

„Ја изгубив невиноста со силвување. Бевме во врска, но му кажав дека не сакам да имам сексуален однос. Не сакав на тој начин да ја изгубам невиноста. На него не му беше важно, тој тоа го направи. Молчев, се убедив себеси дека јас сум виновна затоа што заминав во соба заедно со него“, вели Деми Ловато.

Таа и некои други Disney ѕвезди, како Селена Гомез, Мајли Сајрус и браќата Џонас тогаш носеа таканаречени „прстени на невиност“, кои симболизираа дека нема да имаат секс пред брак. Тоа и католичкото воспитување во кое пораснала, вели Деми, влијаеле врз неа да помисли дека мора да молчи за силувањето.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Demi Lovato (@ddlovato)

„Бев дел од групата Disney која јавно рече дека ќе чекаат до брак“, рече таа.

Како што вели уште една причина која молчела е начинот на кој јавноста се однесувала кон Ријана откако призна дека Крис Браун ја нападнал.

Сексуална траума доживеала повторно летото 2018 година,  утрото кога се предозирала, за што била хоспитализирана и по што претрпела неколку мозочни удари, како и срцев удар.

„Изненаден сум што не предозирав таа ноќ“, вели Деми.

Таа ноќ кога всушност се предозирала, на 23.07.2018 година, Ловато била со пријателите во неколку барови, а забавата потоа продолжила во нејзиниот дом. Кога сите си заминале, Ловато викнала дилерот кој ѝ донел оксикодон, за кој денес верува дека бил измешан со фентанил.

„Не само што доживеав предозирање, туку бев и злоупотребена. Доживеав многу сексуални трауми кога бев тинејџерка. Кога ме најдоа, бев гола, сум посинила. Тој буквално ме злоупотреби и ме остави да умрам“, тврди Деми.

„Кога ме најдоа во болница, ме прашаа дали сум имала секс со согласност. Имав некакво сеќавање, како проблесок, поради кое реков дека сум се согласила. Дури по неколку месеци сфатив дека не сум била во состојба да се согласам на секс“, вели таа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Demi Lovato (@ddlovato)

„Буквално бев отфрлена и напуштена“, додаде Деми.

По предозирањето, Деми имала проблеми со видот и низа други здравствени проблеми.

„Не можам да возам повеќе затоа што не гледам добро. Кога турам вода во чаша, честопати промашувам затоа што не гледам“, вели таа.

Таа призна дека кога се вратила од болница го побарала дилерот.

Сакав повторно да го тестирам неговиот избор за да ме злоупотреби. Сакав сега да биде мој избор, а тој тогаш имаше и нешто што сакав, дрога. На крај се издрогирав. Ме растажи таквата моја одлука“, признава Ловато.

Документарниот филм за Деми Ловато „Dancing with the Devil“ има четири епизоди и ќе може да се гледа на YouTube.

To top