Српската фолк пејачка Милена Ќераниќ откри дека во една прилика доживеала непријатна ситуација што и се случила за вренме на еден нејзин настап, кога непознато момче се обидело да биде непристојно.
Како што открива, тој се однесувал премногу слободно и во еден момент ја фатил за задникот.
„Се случи непријатна, глупава сцена.Ретко настапувам во кусо фустанче, што веројатно го испровоцира поднапиеното момче кое беше гостин, па тој ми пријде и ме фати за задникот. Но и не помина баш добро.
Така го удрив, што тој падна, па собра две маси со себе и сруши сè. Го нокаутирав! Неговиот пријател праша во стилот: „Што е работата?!“, а јас му реков: „Да не сакаш и ти?“ – раскажа пејачката во емисијата „Премиера“.
View this post on Instagram