Мегафон тажна вест

Почина Драгољуб Ѓуричиќ – легендарниот тапанар, некогашен член на „Леб и сол“

Почина Драгољуб Ѓуричиќ – легендарниот тапанар, некогашен член на „Леб и сол“

Тапанарот Драгољуб  Ѓуричиќ (68) почина денеска во болницата „Драгиша Мишовиќ“ во Белград, како резултат на последици од коронавирусот. Музичарот, кој свиреше во некои од најголемите екс ЈУ групи како „ЈУ група“ „Леб и сол“ или „Кербер“ и во бендовите кои ги придружуваа некои од најголемите екс ЈУ и регионални музички ѕвезди како Здравко Чолиќ, Ѓорѓе Балашевиќ и други познати музичари, се чувствувал лошо во февруари и имал неколку дена висока температура. По неколку дена, тој одлучил да побара медицинска помош. 

По дијагностицирањето на Ковид-19 бил пренесен на интензивна нега во болницата „Драгиша Мишовиќ“ во Белград, каде и покрај сите напори на лекарите ја изгуби битката во борбата со коронавирусот.

Драгољуб  Ѓуричиќ соработувал и со речиси сите најпознати изведувачи и музичари во некогашна Југославија. Со „Леб и сол“, тој  свирел во најпознатите светски сали и клубови во Лондон, Париз, Мадрид, Рим, Милано, Стокхолм, Торонто, Ванкувер, Чикаго, Њујорк и Лос Анџелес.На крајот на 1998 година Драгољуб го основа  својот бенд „Drums Company“, кој се состои од бројни тапанари чии заеднички настапи се сметаат за спектакли.

Со групата која ќе го смени името во „Балкански лавина“ досега одржувал концерти во сите поголеми градови на поранешна Југославија, Унгарија, Холандија, Холандија, Норвешка, Германија, Италија, Шведска, Австрија, Монако, Грција… Драгољуб Ѓуричиќ исто така компонирал и музика за над 20 театарски и балетски престави.

Сепак, периодот од 6 години поминати со „Леб и сол“, па потоа уште некое време по неговото второ враќање во бендот остави не само неизбришиви музички траги, туку и создаде цврсти пријателски врски со членовите на бендот кои трајно остануваат. Дружењето со Драгољуб кој не беше само врвен музичар, туку и голем човек со фантастичен карактер тешко дека може да се заборави.

Од својот пријател вака се простија неговите колеги од „Леб и сол“, Кокан Димушевски, кој постави црна позадина без фотогрфија на својот фејсбук профил…

…И семејството Тавитјан кои со фејсбук статус му го кажаа последното збогум на Драгољуб.

„Денес неизмерно не растажи заминувањето на легендарниот Маестро и бубњар Г – дин Драгољуб Ѓуричиќ. Неверојатен човек, музичка легенда и искрен пријател, голем човек, људина и поим за бубњарството на овие простори од историско значење. Искрено сочуство пријателе од Гарабет и целото семејство Тавитјан, ти благодариме за твоето пријателство, почитување, дружење и несебичниот дух а посебно за историската музика што ја остави со Леб и Сол и толку неброени други… Балканска лавино, Бистра водо, Учи ме мајко… Маестро, бубњај таму горе, направи и таму еден Дан Бубњара во вечноста. Почивај во мир Маестро. Те сакаме“ – напишаа Гарабет, Дики и Гаро Јуниор Тавитјан.

 

To top