Темата која постојано ја бранува јавноста се естетски хируршки интервенции со претерување и менување на лични описи. Ваквите фотографии на познати личности секогаш се мета на негативни коментари. Фотографиите кои покажуваат како изгледале пред неколку години ја шокираа јавноста. Сега важат за секси убавици на јавната сцена, а да знаете како изгледале пред естетските операции, денес не би ги препознале, а некои од нив дури не би ги ни погледнале. Еве што поправија дел од славни естрадни дами на себе.
Катарина Каја Остојиќ најголемата популарност ја стекна во реалнот шоу „Големиот брат“, а подоцна се повлече од јавната сцена, се омажи за Џуниор Џек, живееше во странство со него, па по долги години брак, следеше развод, а популарната пејачка сега е во врска со еден хрватски фудбалер.
Сања Станковиќ се истакна во реалното шоу „Задруга“, а вниманието на себе го привлече со врската со Јована Томиќ Матора и секогаш важеше за една од најатрактивните девојки.
Марина Вишковиќ го привлече вниманието на нацијата со својата убавина, извајаната фигура, но и со бројни хитови, иако ретко кој знае како изгледала пејачката пред естетските зафати.
Првата песна на ќерката на ѕвездената фолк брачна двојка Миле Китиќ – Марта Савиќ, младата пејачка Елена Китиќ одекна како бомба, дуетот што го направи со славното дуо Џала Брат и Буба Корели ја лансираше на самиот врв на сцената.
Александра Пријовиќ со својот глас ги разнесе и жирито и публиката во популарното натпреварување „Ѕвездите на Гранд“, по што редеше хит по хит, беше во центарот на вниманието додека беше во врска со пејачот Љубомир Перучица, а веста што ги изненади сите беше дека по раскинувањето со пејачот заплови во романса со Филип Живојиновиќ. Таа денес е во хармоничен брак со посиникот на лепа Брена од кој го имаат синот Александар.
Дејана Живковиќ исто така се прослави со учеството во „Големиот брат“, ја освои публиката со својата убавина, а веста што ја шокираше јавноста е дека Дејана заработува пари преку една страница за возрасни.
Едита Арадиновиќ се здоби со популарност додека беше член на групата „Министерке“, по што реши да ја продолжи кариерата како соло-пејачка, а уште повеќе се приближи до публиката во шоуто „Твоето лице звучи познато“.
Старлетата која никогаш не престанува да ја интригира јавноста со своите провокативни фотографии е Ана Кораќ, која заведуваше многу мажи учествувајќи во реални шоуа, влезе во долгогодишна врска со Давид Драгојевиќ, по што неодамна раскина и секогаш важи за дама што е подготвена се да направи само за да ужива во гламур и луксуз.
Фото: Инстаграм принтскрин/pravo_vip_lice