Радио Милева дарежлив

Не се штедел: Свршеникот на Ана Севиќ и купил стан на нејзино име од 290 000 евра

Не се штедел: Свршеникот на Ана Севиќ и купил стан на нејзино име од 290 000 евра

Фолк пејачката Ана Севиќ и нејзиниот свршеник Даниел Недељковиќ купиле стан од 290 000 евра, пишуваат српските меидуми.

Парот купил четирисобен стан во центарот на Белград, а по неговото средување планираат да го издаваат.

„Уште додека Ана беше бремена, тие разгледуваа станови по Белград. Тој многу работи и не се расфрла со пари, затоа успеа да заштеди, па одлучи да купи стан на името на Ана. Прво, Ана му кажа дека би било подоборо да почекаат да заврши пандемијата, но рече да не се грижи за финансии бидејќи на време започнал да штеди“, вели извор за „Српски телеграф“.

фото: инстаграм/ана севиќ

„Заедно разгледуваа активни градилишта, па одлучија да купат стан во самиот центар“, вели изворот и додава дека веќе дале капар за станот.

„Цената по квадрат изнесува 2200 евра, а по негово завршуваше планираат да го издаваат. Не планираат да се селат и да ја менуваат локацијата, туку да го издаваат“, вели изворот.

фото: никола томиќ

Пејачката и нејзинот свршеник не се огласија по повод овие пишувања.

To top