Шеф Никола имаме прилика да го гледаме секој ден во кулинарското шоу „Брза кујна“ кое се емитува на Сител телевизија.
Никола заедно со својот колега – шеф Марк се вистински мајстори за разни специјалитети.
Шеф Никола и неговата сопруга Стефанија станаа родители во септември 2019 година.
Тие уживаат во секој заеднички моменти со малата наследничката и се полнат со љубов и позитивна енергија.
Никола е активен на социјалните мрежи, но најчесто на својот „Фесјбук“ објавува разни подготвени јадења, специјалитети или некое селфи од снимањата на „Брза кујна“.
Сепак, деновиве неговата сопруга Стефанија се пофали со гестот на нивната ќерка, односно се пофали дека првиот подарок за 8ми март го добила токму од неа.
Стефанија сподели неколку фотографии и покажа колку пораснала наследничката на неа и Никола.
Дали малото и слатко девојче ќе тргне по стапките на татко и, па и еден ден ќе биде таа одличен готвач рано е да знаеме, но едно е сигурно – ќерката на шеф Никола изгледа преслатко.
За потсетување, шеф Никола од првиот брак го има синот Дарин.