По кратка и тешка болест во Белград почина композиторот, пејач и инструменталист Миодраг Миќо Николиќ.
Роден е во 1958 година, а на само 14 години станал член на продукција РТБ.
Зад себе остави бројни хитови и тоа за шабан Шаулиќ, Харис Џиновиќ, Снежана Ѓуришиќ, Верица Шерифовиќ, со која своевремено беше во брак.
Николиќ зад себе го остави синот Саша, исто така композитор, ќерката Ивана и сопругата Лилјана.
Пријателите и музичарите на социјалните мрежи се простуваат од големиот музичар.