Дарко Лазиќ, наводно, пеел на приватна забава во местото Дубље кај Богатиќ пред две вечери, со целосно непочитување на пропишаните мерки и протоколи за спречување на ширење на коронавирусот.
На снимките што осамнаа на социјалните мрежи, може да се види како Лазиќ пее со својот бенд во куќа на забава на која присуствуваа дваесетина луѓе.
View this post on Instagram
Никој од нив не носел заштитна маска на лицето, ниту пак се придржувале до физичката оддалеченост. Гостите наводно дувале, играле качени по маси, го гушкале Дарко и сето тоа го пренесувале во живо на Инстаграм.
View this post on Instagram
Претходниот период неколку пати тој настапувал на приватни забави, за што самиот отворено зборуваше.
„Дури и да сум настапил, не се чувствувам виновен. Тој вирус го зафати целиот свет, најмногу влијаеше на нас и на угостителството. Ние не сме виновни за ништо. Каде и да пеев во претходниот период, имаше растојание и сè друго што е пропишано… Ограничен број места, без контакт со публиката, стоев тука, од страна“ – рече Дарко минатиот ноември.
Според информациите, во претходниот период Лазиќ наводно често настапувал на приватни забави, главно на територијата на Мачва, каде ги забавувал гостите по приватните куќи и викендичките.
Тој дури бил и уапсен во близина на Богатиќ во март минатата година, бидејќи полицијата утврдила дека се движел без задолжителна пропусница за возење моторно возило за време на полицискиот час. Поради тоа истиот ден беше казнет со 150.000 динари со одлука на дежурниот судија во Шабац.