Бугарската фолк ѕвезда Камелија е позната по своите провокативни видеа и фотосесии во кои прилично разголена ги мами воздишките на своите обожаватели. Во нив еротиката и сексапилот покрај песната се едни од нејзините главни адути ( впрочем како и на целата балканска естрада, нели).
Бугарската фолк дива искуство со голотијата веројатно има уште од тинејџерските денови, но првата посериозна презентација на своите телесни убавини ја имаше уште во далечната 2006 година кога за прв пат се соблече за машкото издание на магазинот Плејбој. Оттогаш фолкерката имаше уште неколку слични обиди од кои последниот пат за истата работа побарала хонорар од 30.000 лева.
Во меѓувреме, како што наведуваат бугарските портали како штое Лајфстајл.бг, уште еден магазин бил подготвен да и плати за услугите на популарната бугарска пејачка за нејзините голи фотографии да осамнат на неговата насловна страница, зашто сопствениците знаеле дека ќе заработат десетпати повеќе од продажбата на тиражот, но во последен момент фотографиите биле повлечени и до тоа не дошло.
Инаку последното издание на Плејбој во кое Камелија се соблекла, начисто било разграбено, па по него се појавило и второто – овој пат видеоиздание кое можете да го погледнете подолу… Се разбира само ако имате повеќе од 18 години.
Извор:Спортал.бг
Видео: Плејбој