Анѓелка Прпиќ предизвика скандал на прес-конференција откако и беше поставено прашање во врска со новото момче. Актерката, како да не знае дека работи јавна работа, па се почувствува навредена што медиумите се интересираат и за нејзиниот приватен живот, особено по разводот.
Српските медиуми неодамна напишаа дека таа е во врска со угостителот Срѓан Стојановиќ, а сега камерите на „Папарацо лов“ ја снимија со извесен човек пред зградата на Прпиќ, за кого во шоуто се вели дека е нејзиниот нов партнер.
Додека си ја вршеа својата работа, новинарите ја искористија промоцијата на серијата „Радио Милева“, покрај работните теми, за да разговараат со актерката и за новото момче, но тоа неа ја вознемири и изнервира.
„Ова навистина не е во ред, многу сте безобрзни“ – им „одбруси“ актерката на наовинарите и лутито ја напушти прес конференцијата!
https://www.youtube.com/watch?v=HiPSlsC2iEI