Македонската фолкерка Џесика Палашоска важи за една од најсексапилните пејачки на естрадата. особено кога се атрибутите во прашање, бујна однапред, раскошна одзади, русокосата убавица е подеднакво згодна од кај и да ја погледнеш! Ана неа Бога ми има што да се погледне… И тоа не само кога се надареноста на мајката природа и умешноста на вештите раце на естетските хирурзи во прашање.
Имено, атрактивната битолчанка во последно време на себе носи марка до марка, кога се гардеробата и модните аксесоарите во прашање.
Бренд до бренд, фирма до фирма… се’ што е на неа „крцка“, како и она што е во нејзини раце. Бетер од Фатиме… море, бетер од Карлеуша. Иако не е ниту „специјална“, ниту „Гранд“ ѕвезда, Џесика им покажа на модните еретици декае целата брендирана, од глава до петици!
Чанта од Луи Витон и куса бундичка од визон која русокосото „маче“ ја стегнала со колан од Версаче, високи кожени чизми над колена или чевли од Маноло Бланик, најнов Ајфон телефон… и Џесика изгледа „авион“!
И после некој нека каже дека македонските фолк естрада „страда“ од недостаток на квалитет и добра заработка за убав живот?
„Животот е убав, ако знаеш каде да погледнеш“ – тврди Џесика додека влажна излегува од хотелското џакузи… А таа очигледно знае…
…И кај да погледне и што да понуди на неа да се погледне… И од неа да се слушне!