Пред екот на летната сезона, се повеќе сме сведоци дека повеќето по зимската хибернација одлучија да излезат од комфорот и да се фатат за работа со вежбање во теретаните, за доведување на линијата до посакуваната форма.
Е сега, на едни им треба повеќе напор, труд и мотивација, на други помалку, а пак на трети не им треба воопшто или пак многу малку, како во случајот на Сања Николиќ.
Некогашната водителка и мисица, се уште ја држи витката линија, па свесна за својот физички изглед и повеќе од јасно и е дека не и треба многу труд за да изгледа совршено.
Таа е се почест корисник на социјалните мрежи, а деновиве објави неколку моменти во домашен амбиент со фокус кон нејзините витки нозе.
На една од снимките таа ги крена нозете и ги помрдна неколкупати, па напиша:
-Доволно за денес, напиша во описот дополнет со симбол од мускулест бицепс.
Кога и се може, зошто да не и вака!