Душко Тошиќ го продал својот стан на Дедиње, пишува курир.рс
Фудбалерот пред неколку месеци објавил оглас дека го продава станот за кој доби 395 940 евра.
Душко наводно ангажирал агенција која направила проценка на станот на Дедиње, а во оваа елитна населба квадратот се движи од 1 700 евра па нагоре.
Зградата во која се наоѓа станот на фудбалерот важи за најатрактивна. Бидејќи станот има 217 квадрати, тоа значи дека еден квадрат чинел 1820 евра. На сајтот за недвижности постои оглас за подавање на овој стан. Иако огласот се уште стои на страницата, има и известување дека станот е продаден.
Инаку, станот на Душко има пет соби, две бањи, голема тераса, двор, две паркинг места.
Потсетуваме, Тошиќ претходната година се пресели во нова вила на 3 ката и со базен. Сопругот на Јелена Карлеуша не се јавувал на повиците на редакцијата на курир.рс за да ги прокоментира овие пишувања.