Maкедонскиот пејач Даниел Кајмакоски кој победи на „Х фактор“, a подоцна и во „Твоето звучи познато“ веќе некое време живее во Србија.
Кајмакоски како и повеќето колеги е на принудена пауза од музичката кариера поради пандемијата со коронавирусот.
Кајмакоски не е премногу активен на социјалните мрежи, па постојано да објавува каде е и што прави. Одвреме – навреме знае да сподели некоја фотографија.
View this post on Instagram
Кога станува збор пак за неговиот приватен живот, Кајмакоски го крие како “змија нозе“ и не сака премногу да зборува за него.
По разводот од Кристина Димитриевска со која го има синот Давид, само се огласи и не зборуваше премногу за таа етапа од неговиот живот.
Исто така, ни сега не зборува многу за емотивната страна на својот живот, ниту пак дали има партнерка..
Синот на Даниел и Кристина неодамна славеше роденден. Македонската мисица направи мала забава за синчето, а Кајмакоски не се појави, ниту преку социјалните мрежи му го честиташе роденденот на наследникот.
https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/kristina-dimitrievska-go-slaveshe-rodendenot-na-sincheto-koe-go-dobi-od-brakot-so-kajmakoski-a-na-mestoto-na-tato-daniel-beshe-foto/
Меѓутоа, неколку дена подоцна, пејачот објави „Инстаграм стори“ со цитат:
„Не е важно колку добра ќе направите во животот, луѓето секогаш ќе ви судат поради вашите грешки“, напиша Кајмакоски покрај фотографијата.
Дали пејачот сакал на некој да испрати порака не знаеме, а дали наскоро ќе сними нова песна останува да видиме.