Сместена во Мајами Бич, Флорида, оваа модерна резиденција со шест спални има карактеристики како голем базен, приватна плажа, просторија за забава и бар на отворено.
Куќата на музичката sвезда и фудбалер е скоро 16 милиони долари, а за продажбата е задолжен помладиот брат на Шакира, Антонио Мебарак. Имотот се протега на еден хектар, кој има свое приватно пристаниште, со 100 стапки пристап до Бискејскиот Залив на плажата Мајами.

Колумбиската пејачка целосно го преуреди ентериерот откако ја купи луксузната вила. Таа направи додаток со три спални соби и ја украси целата куќа во минималистички стил.
– Овој имот нуди многу интересен и удобен распоред со два одделни простори за целосна приватност, но во исто време има големи простори за собири на пријатели и семејни собири – според странските медиуми, имотот се наоѓа во најбараните населби.

Други познати личности кои исто така се населувале на овој пат во Норт Беј, биле Мет Дејмон, Џенифер Лопез, Рики Мартин и Алекс Родригез.

Во предниот дел од куќата има шест спални соби и седум бањи, додека од задниот дел на куќата има излез кон големиот базен покрај кој има бар и простор за вечера и дружење. Вилата има и теретана, работна соба, медиа сала, просторија за забава, додека во дворот се издвојуваат палми и многу прецизно уредена жива ограда.

Целата вила се состои од големи прозорци, што покажува дека Шакира и Пике имаат приоритет да го направат просторот за живеење полн со светлина.

Последен пат Шакира помина многу време во Америка, додека беше дел од музичкото шоу „Војс“, во 2013 и 2014 година. Во последниве години, пејачката со нејзиниот партнер, шпанскиот фудбалер Пике и нивните два сина, претежно минуваат време во Барселона, каде имаат луксузни недвижнини.

Како резултат на тоа, Шакира за прв пат најави продажба во 2018 година на својата модерна вила во Мајами Бич, која ја купи во 2001 година на работ на Бискајскиот залив.