Пејачката Гоца Тржан вели дека естрадата во време на пандемија со коронавирус лошо живее и едвај чека да се подобри ситуацијата затоа што сака да продолжи да се занимава со пеење.
„Забранети се јавните собири. Никој намерно не ни го прави тоа, но факт е дека забавите, гастрономијата, хотелиерството се во сериозни проблеми. Исто така и туризамот. Глупаво е само ние да се жалиме и дека сме единствени. Имам колеги кои се во сериозни проблеми. Премногу луѓе продаваат станови за да преживеат. За среќа, не сум единствена која заработува во куќата“, вели Тржан.
Гоца во време на пандемијата заработува од водителството, реалното шоу и реклами на Инстаграм, но така да се врати на основното занимање – да биде пејачка.
„Невозмоно е да работам и да чекам нешто да се промени на подобро“, вели Гоца.