Македонската водителка Цеце Трајковска Тодосовска која публиката ја памети по Утринската програма на ТВ Телма, се породи.
Таа и нејзиниот сопруг Стојанче Тодосовски за првпат станаа родители, односно добија син.
Со убавата вест на социјалните мрежи се пофали сопругот на Цеце, кој објави стори, а таа го шерна на својот „Инстаграм профил“.
Според објавите на социјалните мрежи, бебето се вика Бодан.
„ Знам дека и двајцата ќе го дадеме нашиот максимум да бидеме посветени родители“, изјави водителката во една прилика.
Потсетуваме, Цеце и Стојанче во 2018 година запливаа во брачните води.
https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/se-omazi-ushte-edna-makedonska-tv-voditelka-cece-trajkovska-od-utrinskata-na-telma-go-kaza-sudbonosnoto-da-foto-video/
Честитки, да е живо и здраво синчето!