Радио Милева од Бит Пазар до Луј Витон

Миа Костова брутално искрена: “Стил или имаш или немаш… не те спасува ни еден Шанел, ако не знаеш како“ (ФОТО)

Миа Костова брутално искрена: “Стил или имаш или немаш… не те спасува ни еден Шанел, ако не знаеш како“ (ФОТО)

Македонската екс – водителка и инфлуенсерка, Миа Костова отсекогаш важела за личност која нема проблем да ја сподели приватноста и интимата речиси до најситни  детали од сопствениот живот со јавноста, особено со своите следбеници на социјалните мрежи.

Повеќе од јасно е дека Миа има своја „армија“ од следбеници и фанови кои љубопитно го следат нејзиното секојдневние, но поради веќе препознатливата брутална искреност, има голема  поддршка однив за нејзините ангажмани, како и нејзините јавни излагања, кога зборува за настаните и луѓето што ја дефинираат македонската сцена, јавниот живот, но и актуелните случувања во општеството.

Минатиов викенд Миа на нејзиниот Инстаграм профил сподели фотографии во бел стајлинг, а притоа откри дека добила полн инбокс прашања,  од каде ја купила облеката и обувките, по што Миа како што ја дал Господ, искрено отворена до коска, сподели и  неочекуван одговор:

„Полн инбокс за ова што го носам. Мојата искреност е посилна од тоа да не кажам што носам. Панталоните се Елена Лука, сакото е од Бит Пазар. Кемо не го знаете, јас го знам кога му буричкам во робата. Патиките се од Бершка, а ролката без ракави од Зара“ – обзани во своите Инстаграм приказни Миа.

„Значи стил или имаш или немаш. Не те спасува ни еден Шанел ако не знаеш како?! Не те прави поголема и пофраерка фалс чанта Луј Витон, напротив, далеку поефтино изгледа од кое било парче за 1000 денари“ –  стои во второто инстаграм-стори, каде таа најавува дека наскоро ќе сподели повеќе детали за накитот и  нејзниот плакар, кој како што пишува Миа, никогаш не чини многу пари, а изгледаат така како што изгледаат.

To top