Радио Милева „Не ги трошев неговите пари“

Емина Јаховиќ шокирана од случката пред болничкиот шалтер: Oткри дека бившиот сопруг Мустафа Сандал и останал должен

Емина Јаховиќ шокирана од случката пред болничкиот шалтер: Oткри дека бившиот сопруг Мустафа Сандал и останал должен

Според поп-sвездата, дури кога ги однела децата на лекар дознала дека нејзиниот сопруг не платил здравствено осигурување за децата, што е негова обврска.

Пред само два месеци имавме можност да видиме во јавност како поп-пејачката Емина Јаховиќ и нејзиниот поранешен сопруг Мустафа Сандал си играат со нивните наследници Јаман и Јавуз. Во тие моменти тие се однесуваа како среќно семејство, сепак, вистината е сосема поинаква. Според пејачката, Мустафа не плаќал алиментација за своите деца повеќе од две години.

– Се разведов од Мустафа во јуни 2018 година, а потоа потпишавме договор пред судот во кој прифаќаме заеднички обврски, вклучително и здравствено осигурување и алиментација за нашите деца. Сепак, кратко време по разводот, сите обврски паднаа на мене – изјави Емина за турските медиуми, а потоа додаде дека на списокот со обврски што нејзиниот поранешен сопруг морал да ги исполни има уште некои ставки:

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Emina Jahovic (@yaemina)

– Требаше да купи куќа во Белград, но не го стори тоа. Имавме и договор за покривање на приватното здравствено осигурување на децата и плаќање на трошоците за нивните патувања и летни одмори. Тој не исполни ништо од тоа. Денот кога се чувствував најлошо беше кога ги однесов децата на лекар и дознав дека нивното осигурување не е платено. Иако е наведено како негова обврска во нашиот договор за развод. Мустафа не плати изнајмување автомобил, ниту плата на мојот возач. Јас не сум личност што би го нападнала за вакво нешто од љубомора или опсесија. Напротив, бидејќи тој е татко на моите деца, свесна сум дека нашата врска ќе мора да трае вечно – истакна Емина и додаде:

– Поминаа 32 месеци откако се разведовме, а тој не плаќаше алиментација 26 месеци. Мустафа се обиде да и претстави на јавноста дека ги подмирувал своите обврски до претходните два месеца, изјавувајќи дека тогаш го спречиле во тоа од тешкотиите предизвикани од пандемијата. Апсолутно не го прифаќам тоа – објасни пејачката.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Emina Jahovic (@yaemina)

Според неа, дури и за време на бракот, кој траеше скоро десет години, таа не ги потрошила парите на нејзиниот сопруг, кој е голема музичка sвезда во Турција:

– Никогаш не сум била од оние жени кои поминуваат низ животот трошејќи ги парите на своите сопрузи. Продолжив да работам и по разводот, како што правев пред и за време на бракот. Благодарение на тоа, ќе бидам со своите деца до самиот крај, ќе ги поддржувам во сè и ќе ги натерам да прераснат во мажи кои ќе го живеат животот без потреба да бараат ничија помош – искрено рече Јаховиќ.

To top