Игор Којиќ бил во Загреб да ја посети својата се уште законска сопруга Северина, пишува српски телеграф.
Според региоаналните медиуми, тие не се виделе од април претходната година кога наводно таа ја напуштила семејната куќа поради кавга со родителите на Игор, Кеба и Оља.
Наводно, Игор сега сакал да ги разјасни работите и заминал во Загреб, но не можел да влезе во станот.
„Игор не виде пред зграда на Северина. Тука нешто се вртеше, излегуваше од автомобилот, но не влезе. Видовме дека разговара со некој на телефон, сигурно со неа, но не го пушти да влезе. Не знам дали потоа се сретнале бидејќи никој од соседите не ги виде заедно.Едно е сигурно, тој сакаше да ја види, сигурно имаат некои проблеми, но таа не сакаше да се сретнат. По половина час чекање, Игор седна во колата и замина. После тоа не го видовме да се враќа. Сите коментиравме дека ни е чудно што сопругата не сака да го пушти во станот, ако се уште се во брак. Слушавме многу приказни за нив, но само тие знаат што е вистина“, велат комшиите на Северина за „Српски телеграф“.
„Овде сите зборуваат за нив и нивното однесување. Не знаеме зошто не сакала да го пушти внатре. Тој навистина културно се однесуваше, не виде и не поздрави, се гледаше дека на човекот му е непријатно бидејќи цело време гледавме во него. Кој знае што се случува“, велат соседите.
Ни Северина ни Игор не се огласија по повод овие пишувања.