Пред неколку недели како бомба одекна веста дека српската пејачката Цеца Ражнатовиќ е во емотивна врска со Богдан Срејовиќ.
Кога папараците ја уловија пејачката со својот нов партнер, таа не чекаше многу долго да ја обелодени својата врска.
На социјалните мрежи ги објави и првите фотографии со својот сакан, но сега ги избриша, па српските медиуми веднаш започнаа да пишуваат дека парот раскинал.
По тој повод, се огласи и Цеца и ги демантираше овие пишувања.
Имено, таа во кусите приказни на „Инстаграм“ објави фотографија од веста, а во описот напиша: „Лага“.
Цеца и понатаму ужива во љубовта со Богдан.