Катарина Ивановска важи за една од најубавите македонски модели која постигнала интернационална кариера.
Нејзината става и убавина беше забележана од челниците на светски реномирани познати брендови на чии модни писти Катарина чекореше.
Таа неколку години живееше во Америка, градеше светска кариера, а во една прилика истакна дека можеби требало повеќе да остане надвор од државата и потоа да се врати.
Ивановска и овде продолжи со своите професионални успеси, а во меѓувреме се реазлираше во улога на мајка, односно ги доби синот Вања и ќерката Кира.
И по породувањето Кики изгледа во топ форма и како да не родила две деца.
Моделот е активна на социјалните мрежи, па некогаш знае да сподели некоја фотографија од некој професионална активност или пак некој приватен момент.
Деновиве, Ивановска се потсети на својот ангажман за светски реномираниот бренд – „Викторија Сикрет“ односно два пати снимаше каталог за нив, па на социјалните мрежи сподели неколку ретро фотографии од тој период.
На нив, моделот позира по долна облека, а горниот интимен дел е покриен со раце:
„Малку ретро фотографии од Викторија Сикрет. Ми недостига работата“, напиша Кики.
View this post on Instagram
Под објавата се нижеа позитивни коментари на сметка на нејзиниот изглед.
Очигледно на Ивановска и недостига работата односно манекенството кое е на „пауза“ поради пандемијата со коронавирусот, а дали повторно ќе ја видиме да позира за некој светски бренд останува да видиме.
Фото: Инстаграм принтскрин/katarina_ivanovska