Поминаа осум години од филмот „Монтевидео“. Во тоа време, многу актери се сменија, се омажија, се оженија, некои само остареле, а малиот Станоје порасна во голем дечко.
Предраг Васиќ откри што се променило сето ова време и што луѓето денеска му велат кога ќе го сретнат на улица.
“За осум години се запишав на факултет, втора година од глума, работам во театарот, пуштив брада, малку пораснав”, рече младиот актер и објасни што му велат луѓето кога ќе го сретнат на улица.
“Мислев дека брзо ќе ме заборават, но не е така, луѓето ме препознаваат, ми кажуваат дека сум пораснал. Неодамна една жена ми кажа дека неколку пати плачела поради мене”, рече Предраг.