Пејачот Тони Цетински доби радосни вести од својот син Кристиан. Имено, тој на социјалните мрежи објави дека очекува принова.
„Ни даде многу причини да дадеме се од себе и да го направиме овој живот уште поубав. Едвај чекам да те запознам“, напиша Кристиан покрај фотографијата.
Кристиан не откри дали станува збор за момче или девојче, но следбениците му упатија честитки.
Тони го доби Кристиан од бракот со Антонела Бутиган со која беше во брак шест години.
Vistina.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.