Пејачката Андријана Дабетиќ Анчи беше позната во текот на 90тите, а нејзината музичка кариера започна во 1992 година.
Меѓутоа, последните неколку години не е актуелна во медиумите.
Aнчи беше позната како и Мис на Југославија во 1994 година. Сними шест албуми, а потоа се повлече од музичката сцена.
Никогаш не сакаше да зборува кој е татко на нејзиниот син Марко, а кога и се случи семејна трагедија, јавно зборуваше за неа.
„Таткото на Марко почина во сообраќајна несреќа. Тоа беше ужасен период кој не можев да го користам за да се појавувам во весниците и за тоа на никој не зборував. Сигурна сум дека таквите случувања ќе беа искористени да пишува многу за мене, а на мене не ми требаше таков вид на експонирање. Ми беше многу тешко, еден месец не излегував од дома, а потоа потполно се посветив на синот бидејќи не можев ништо да променам. Многу ми е жал за Марко што остана без татко бидејќи ќе има периоди кога ќе му биде потребен. Но, животот оди понатаму“, изјави Анчи во една прилика за „Свет“.
Анчи сега се појави во „Гранд магазин“, а на социјалните мрежи може да се забелажат следните коментари: „Не ја препознав“; „Колку се променила“, „друга личност“.