Пејачот Филип Пецовски стана познат на публиката по неговото учество во регионалното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“.
Уште со самото негово појавување на сцената, Пецовски го привлече вниманието на жирито и на публиката.
Со своите интересни, поразлични перформански секогаш правеше хаос, а жирито и публиката беа на нозе кога настапуваше Филип.

Освен тоа што важеше за добар пејач и шоумен, македонскиот кандидат важеше и за добар фраер.
По завршувањето на финалето, Филип се посвети на својата музичка кариера, објави неколку песни.
Тој има профили на социјалните мрежи, но не е претерано активен секојдневно да објавува фотографии.Меѓутоа, Филип објави фотографија на која е разголен и позира од базен и ги покажа своите затегнати мускули.

Објавата достигна над 2000 лајкови, а неговите следбеници не чекаа многу да му остават многу коментари.