Големиот балкански уметник Ѓорѓе Балашевиќ вчера, недела, 21 февруари 2021 година тивко, без помпа, беше погребан на гробишатата во Нови Сад само во присуство на членовите на неговото семејство и звукот на тамбурите кои ја свиреа неговата музика, неговите вонвременски песни.
https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/gjorgje-balashevikj-pogreban-vo-novi-sad-so-muzika-od-tamburashi-video/
Веста за смртта на легендарниот кантавтор, музичар и поет Ѓорѓе Балашевиќ го потресе целиот регион, па и Балканот, а неа покрај регионалните и балканските, ја објавија и најреномираните светски медиуми како Американската новинска агенција Асошиејтед Прес (АП), Вашингтон Пост, Еј-би-си Њуз, Ен-би-си, Сан Франциско Хроникл, УС Њуз, Рипаблик…. За неговата големина останаа да зборуваат бројните песни и вонвременските стихови кои засекогаш ќе останат во нашето сеќавање и ќе живеат во срцата на многу генерации.
Откако веста за неговата смрт молскавично се рашири низ сите земји на поранешна Југославија, од големиот Балашевиќ на социјалните мрежи се простија многу познати личности, музичари, актери и почитувачи на неговиот лик и дело кои за последен пат му оддадоа почит.
Македонија не беше исклучок, па бројни македонски јавни личности на своите интернет профили се збогуваа со единствениот кантавтор и пејач, објавуваајќи негови песни, цитати и стихови кои засекогаш ќе останат да се пеат.
Тамара Тодевска, Каролина Гочева, Тијана Дапчевиќ, Весна Бејби Петрушевска, Сања Николиќ, Миа Костова, Огнен Здравковски, Калиопи… се само дел од нашите јавни личности кои испратија последен поздрав и споделија негови песни на своите Фејсбук и Инстаграм – профили.
Но, можеби на највпечатлив начин од големиот Балашевиќ, чија песна „Пуб“, своевремено во своја верзија позната како „Кољо што го викат Поп“ ја обработи и самиот, се прости и нашиот Игор Џамбазов.
И тоа онака, како што доликува за ваков човек, како што впрочем и самиот беше испратен до неговиот вечен дом – со негова песна. Овој пат Џамбазов на својот Инстаграм профил сподели видео со своја изведба на познатата песна на Балашевиќ од 1985 година, баладата „Словенска“, со која му го кажа последното: „Збогум пријателе“, на големиот уметник и колега.
View this post on Instagram