Радио Милева трајни лузни на душата...

Балашевиќ овие две работи никогаш не ги преболе: Смртта на неговата сестра и тоа што родителите никогаш не му дојдоа на концерт (ФОТО)

Балашевиќ овие две работи никогаш не ги преболе: Смртта на неговата сестра и тоа што родителите никогаш не му дојдоа на концерт (ФОТО)

Ѓорѓе Балашевиќ речиси се постигнал во животот, но две работи никогаш не преболел и не можел да ги прежали, па тие две нешта му оставиле „трајни лузни на душата“ до последниот ден во животот.

За разлика од неговата љубов кон музиката, неговите родители секогаш сметале дека тој требало да студира. Родителите на Ѓоле Балашевиќ се викале Јован Балашевиќ и Вероника Елвира Матилда Доленц. И покрај сите успеси што ги постигна, татко му и мајка му се спротивставувале на неговата одлука да биде музичар и сметале  дека треба да студира географија, за што се школувал. Затоа тие не присуствувале на ниту еден негов концерт, иако тој секогаш  чувал две празни места за нив.

Балашевиќ никогаш не го напуштил својот роден град Нови Сад, а многу малку луѓе знаат дека тој  имал и пет години постара сестра Јасна, која прерано починала. За неа и нејзината смрт речиси никогаш не зборувал, иако од неа научил рано да чита и бил чудо од дете. Почнал да пишува песни во основно училиште и сонувал да стане фудбалер. Тој бил мирно дете и одличен ученик, но се’ се смени во средното училиште.

Презимето Балашевиќ е создадено од секоја генерација додавајќи му по некоја буква. Дедо му Ѓока, по кого пејачот го добил името, го носел презимето Балашев и беше православец, кој се плашел да не биде „унгаризиран“. Затоа кришум отишол во општината и платил да се додаде наставката – иќ во презимето. Балашевиќ израснал во Нови Сад, во куќата во улицата Јован Цвијиќ, што се споменува во една од неговите култни  песни,  „Некои нови клинци“.

To top