Мегафон тажна вест

Почина Ѓорѓе Балашевиќ

Почина Ѓорѓе Балашевиќ

Ѓорѓе Балашевиќ кој беше хоспитализиран откако неговата состојба се влошила поради пневмонија, денеска почина.

Легендарниот 67- годишен Балашевиќ пред три дена заврши во болница, откако во последните десет дена се борел со пневмонија.

Инаку, Балашевиќ претрпе срцев удар пред две години, што ги загрижи и растажи неговите илјадници обожаватели, а потоа беше хоспитализиран во Институтот за кардиоваскуларни болести во Сремска Каменица откако му беа вградени стентови.

Ѓорѓе Балашевиќ е српски и југословенски пејач, кантавтор и глумец. Роден е 11 мај 1953 во Нови Сад. Има издадено повеќе албуми.Глумел во неколку телевизиски серии за кои ја има напишано и музиката, а режираше и филм, кој го прикажуваше по концертите. Од бракот со Оливера има три деца (Јована и Јелена и Алекса).

Во 1977 откако станал дел од групата „Жетва“, во истата година го издаваат синглот „У раздељак те љубим“ и со тоа го остварува првиот свој успех.

Во 1977 откако станал дел од групата „Жетва“, во истата година го издаваат синглот „У раздељак те љубим“ и со тоа го остварува првиот свој успех. Синглот е продаден во 180.000 примероци, што за тоа време претставувало голем успех.

Следната година ја напушта групата во која се афирмирал и заедно со Верица Тодоровиќ ја формира групата „Рани мраз“ со која настапува на фестивалот во Опатија со песната „Моја прва Љубав“. Во текот на истата година снимаат уште неколку песни.

Пред започнувањето на снимањето на песната „Рачунајте на нас“ во работата на групата се приклучуваат бившите членови на групата Сунцокрети, Биљана Крстиќ и Бора Ѓоргевиќ (познат како Бора Чорба). Песната станала популарна како помеѓу властите, така и помеѓу народот и на извесен начин претставувала химна на генерацијата.

Во Сплит во 1979 година Балашевиќ ја освојува првата награда со песната „Панонски морнар„.

Во текот на 1980 година за време на отслужување на воениот рок во Загреб и во Пожеревац каде учествува во снимањето на ТВ серијата „Војници“. При крајот на годината излегува албумот „Одлази циркус“, инаку последниот албума на групата „Рани мраз“.

Во почетокот на 1982 година, со издавање на албомот Пуб ја започнува својата соло кариера.

Зад себе ја остави сопругата Оливера, ќерките Јелена и Јована и синот Алекс.

Балашевиќ честопати одржуваше концерти и во Скопје, а напиша и песна за Скопје.

To top