Славениот тенисер Новак Ѓоковиќ (33) ја отвори душата за растењето, но и за животните грешки и изјави дека е многу е важно луѓето да бидат благодарни за она што го имаат.
– Не ме сакаат сите, тоа ми е јасно. Свесен сум за тоа, тоа е нормално. Ја чувствувам големата љубов за мнозинството – рече Новак на почетокот, па ги допре темите за детството и раната младост.
– Сè започнува дома. Воспитување, околностите во кои пораснав. Јас сум дете од деведесеттите години, ја искусив сиромаштијата од прва рака. Кога ќе сфатите дека животот не е материја, дека не е материјален, сè доаѓа откако ќе биде полесно. Се чувствувате поврзани со минатото. Живеете сè од срце – истакна Ѓоковиќ.
View this post on Instagram
– Секој од нас прави грешки, прави работи со кои не е горд, вклучувајќи ме и мене. Треба да си простите на себе и на другите. Сите растеме, сите се развиваме. Се обидувам да бидам свесен за сè и благодарен за сè. Дури и денес, со нетрпение ги очекувам истите работи во кои уживав како дете. Еве, на пример, се радувам на тенисот исто како кога имав четири години – рече Новак во серијалот „Мојот пријател“, потенцирајќи дека не се сеќава кога последен пат се движел на улицата „Кнез Михаилова“ во центарот на Белград .