Радио Милева Незаборавно доживување

Лила откри колку чини адреналинската авантура да се лета со балон во Кападокија (видео)

Лила откри колку чини адреналинската авантура да се лета со балон во Кападокија (видео)

Лила Филиповска неодамна се врати од патувањето во Турција, поточно од Кападокија и Истанбул, а по пристигнувањето дома во Скопје имаше многу да раскаже.

Всушност, оттаму посртојано беше активна на Инстаграм за да покаже како си поминува таму, ама сега се реши да одговара на многуте поставени прашања од следбеницте кои ја бомбардираа на различни теми поврзани со патувањето.

https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/lila-na-krstarenje-po-bosforot-vo-bogatiot-del-na-istanbul-kade-se-snimaat-turskite-serii-foto/

Особено доби доста прашања поврзани за доживувањето од летањето со балон во Кападокија кое претходно таа го опиша вака:

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lila (@lilafilipovska)

-Дури денес ми стана јасно зошто луѓето од целиот свет доаѓаат во Кападокија. Постојат многу начини да се доживее адреналин, но тврдам дека ова е еден од најубавите. Изгрејсонце на кое според легендата играат самовилите во “Долината на љубовта” нестварен поглед на чудото на природата и чувството дека лебдиш е причина ова доживување никогаш да не го заборавиш. Најбитни се временските услови. Најголем непријател ветрот. Пред две години со мојот другар Спасе не успеав да летам ама овој пат ме посака среќата. Времето беше идеално како пролет и многумина како мене уживаа. Во моментов тука има 250 балони од 25 компании а сѐ започнало со само еден балон на еден шведски брачен пар во 1991. Останатото е историја….Да , има многу причини да се посети Кападокија ама ова е една од најубавите, напиша Лила во описот.

Едно од поинтересните прашања од следбениците кое го доби беше:

Која е цената за летање со балонот?

-Цената по човек е 150 евра, а летот трае околу еден час, гласеше одговорот, па се надоврза и следното:

фото:лила филиповска/инстаграм принтскрин

Прашање што ме мачи. Како се спушта балонот?

-Па, полека без нагли движења, долу чекаат луѓе кои помагаат при спуштањето и единствено кога слетува на земја има мал тресок од ударот кој е релативно благ, а луѓето треба малку да потклекнат и да ги свиткаат малку колената, детално објасни Лила.

фото:лила филиповска/инстаграм принтскрин

Доколу се „загреавте“ за едно вакво поинакво доживување и адреналин од летање со балон- одговорите ги добивте од прва рака.

To top