Мегафон

Музичко-документарни филмови во Кинотека на Македонија

Музичко-документарни филмови во Кинотека на Македонија

Утре, петок (19-ти февруари) во Кинотеката на Македонија ќе бидат прикажани два музички документарни филмови. Се работи за  „Њу Ордер – Декади“ и „Мериен и Леонард Коен: „Зборови за љубовта“ кои ќе бидат прикажани во рамките на настанот „Скопје Синема Сити – Загревање“. „Загревање“ е полугодишен настан каде се прикажува избор на филммови од претходното издание на фестивалот „Скопје Синема Сити“.

„Минатата година бенд во фокус беа членовите на манчестерскиот бенд „Њу Ордер“ на кои фестивалот им врачи награда за достигнувања во музиката и филмот, а фестивалот го отвори филмот на Мајк Кристи „Њу Ордер: Декади“. Филмот е приказ на нивниот проект во соработка со Манчестерскиот Интернационален Фестивал каде се случуваат невообичаени уметнички инсталации и проекти. Тој е истовремено и полуконцертен и полудокументарен филм за оваа соработка и серија настапи по европските градови“ – информираат од Кинотеката на Северна Македонија.

Истата вечер ќе биде прикажан и филмот „Мериен и Леонард Коен: „Зборови за љубовта“ за Леонард Коен и неговата муза Мериен Илен која инспирирала многу од неговите песни. Филмот ја прикажува нивната бурна врска и животни патишта од почетокот на островот Хидра па се до нивниот крај.

To top