Радио Милева го овековечи

Огнен Здравкоски го истетовира ликот на починатиот Џорлев: „Вујче мој, додека сум жив и ти ќе живееш секогаш со мене“ (фото)

Огнен Здравкоски го истетовира ликот на починатиот Џорлев: „Вујче мој, додека сум жив и ти ќе живееш секогаш со мене“ (фото)

Македонскиот виолинист, музичар и професор Зоран Џорлев почина на 1-ви јануари.

Неговото семејство, пријатели, колеги…не престануваат да тагуваат по загубата на маестро Џорлев.

Неговиот внук, пејачот Огнен Здравкоски на социјалните мрежи постојано истакнува колку му недостига неговиот идол, неговата поддршка, неговиот вујко.

Тој често знае  знае да сподели заеднички фотографии и да му посвети емотивна порака.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ognen Zdravkovski (@ognenzdravkovski)

Огнен сега отиде чекор понатаму односно на својата рака го истетовира ликот на Џорлев. На својот „Интстаграм“, Здравкоки ја покажа тетоважата, а во описот на објавата напиша:

„Вујче мој, додека сум жив и ти ќе живееш секогаш со мене… До следно видување!!!“.

фото: Принтскрин/инстаграм/огнен здравкоски

Џорлев беше еден од најпознатите виолинисти, почитуван меѓу колегите од музичката фела.

To top