Мегафон промоции

Промовиран „Македонски рок времеплов“ од авторот и хроничар Тошо Филиповски

Промовиран „Македонски рок времеплов“ од авторот и хроничар Тошо Филиповски

По „Македонска рок енциклопедија“ и „Македонска дискографија-винили 1958-2019“, долгогодишниот музички новинар и хроничар Тошо Филиповски го промовираше третото капитално дело за домашната музичка сцена за период од неполни четири години – „Македонски рок времеплов“.

Со оглед на ситуацијата со коронапандемијата, сепак класичната промоција бешее изоставена за некои подобри времиња, а чинот на претставување на книгата се одвиваше во форма на прес – конференција за медиумите која се одржа вчера, вторник (16.02.2021 година), во МКЦ – ресторан со почеток во 13.00 часот !

Во „Македонски рок времеплов“, авторот и хроничар Филиповски  издвоил стотици значајни датуми за македонската рок сцена и преку хронологија на луѓе, концерти, албуми, па дури и локални настани укажува на тоа колку таа всушност била и сѐ уште е богата.

„Внатре ставив дека ова е прв том кога сфатив дека приказната со забележување датуми не може да биде завршена. Музиката и културата се живи процеси и цело време нешто се создава. Некои идни генерации можеби ќе ја продолжат оваа приказна“, кажа Филиповски на промоцијата на книгата.

„Од 4.000 датуми што ги имав предвид за книгата, приказната ја скратив на 1.200 со опис и уште 300-400 како кратка информација за настанот. Гледав биографиите и описите да не бидат подолги од десет реда. Нема ден во годината да нема барем три настани. Има денови кога имало и по 20 настани, па морав субјективно да решам што е битно, а што не е и може да почека некоја следна прилика“ – нагласи Филиповски.

To top