Радио Милева дарежливиот „валентино“

Ана Кораќ си најде ново момче или нов спонзор: За „Денот на вљубените“ сите добиваат црвени балони, а старлетата сосе нив доби и бело Порше на подарок!? (ФОТО)

Ана Кораќ си најде ново момче или нов спонзор: За „Денот на вљубените“ сите добиваат црвени балони, а старлетата сосе нив доби и бело Порше на подарок!? (ФОТО)

Ана Кораќ и Давид Драгојевиќ раскинаа пред три недели, а старлетата сега се пофали со новото момче и што изгледа нејзе и е многу поважно, новиот подарок што го добила по повод Денот на вубените.

Имено, таа на својот Инстаграм објави фотографија на која позира покрај луксузниот бел автомобил марка Порше.

„Мојот Валентино  малку задоцни, но му е простено“ –  старлетата покрај  објавата, што натера многумина да помислат дека таа веќе пронашла нов партнер кој и го купил скапиот автомобил. Инаку, Ана неодамна откри дека Давид наводно и праќал пораки на нејзината пријателка, што, како што рече, било причина за раскинувањето.

„Немаме повеќе контакт, немаме заеднички фотографии, иако сме се скарале во последно време, нешто се случи, но разговаравме како нормални луѓе. Се обидовме да се разделиме, па се случи нешто, и јас му  раскинав поради тоа. Тој направи нешто што не беше убаво, ги добив сите говорни пораки каде што тој зборувал и пишувал за мене, па од тој момент прекинав сè. Овие пораки што ги размени со мојата пријателка, таа сите ми ги испрати. Потоа го прекинав контактот со него. Секогаш се враќав, но не после тоа“, рече таа во шоуто на Ами Џи.

To top