Пејачката Александра Младеновиќ со својот последен пост на Инстаграм предизвика големо внимание. Имено, по повод Денот на вљубените, пејачката позираше со црвени балони во форма на срце во предизвикувачка комбинација и провокативна поза.
Секасапилната „Гранд ѕвезда“ на себе носеше тесен бел корсет и бели чорапи до колкови кои ги истакнуваа сите нејзини облини. Младеновиќ веќе некое време тврди дека е соло, а откри дека ситуацијата во љубовниот живот и за празникот сè уште и останала не е променета, но и тоа дека не изостанале подароци за Денот на вљубените.
„Фотографијата е, се разбира е по повод Денот на вљубените, а што се однесува до подароците, добив многу. Овие балони ги добив од личност на која јас и се допаѓам“ – открива пејачката, а на прашањето дали добила некој од подароците од момче што неа и се допаѓа, таа го истакна следново:
„Во моментов немам симпатија, но, затоа пак јас сум му симпатична некому“.
На прашањето од каде е инспирацијата за ваквото издание, таа рече:
„Искрено, не барам посебна причина за да се облечам провокативно или не. Јас секогаш се облекувам како што се чувствувам во тој момент. Денес се чувствував така и затоа е оваа фотографија. Зошто бела комбинација? Па, за да се се согласува со бојата на мојата соба. Мојата бела комбинација и црвената боја на балоните се совршена комбинација за Денот на вљубените“ – рече Младеновиќ.