Пејачката Светлана Цеца Ражнатовиќ редовно ги известува пред своите следбеници на социјалните мрежи за најинтересните настани од нејзиниот живот.Нејзината приказна денес привлече големо внимание.Имено, пејачката објави видео и фотографии на кое се гледа како нејзиниот внук Жељко си игра во дубак.
Она што привлече внимание кај многумина беа балоните во форма на срце што се гледаат на сликите и снимката.
Имајќи предвид дека пејачката однеодамна е одново среќно заљубена, не е ни чудо што ужива да ги гледа. Сепак, наместо да биде љубовница, Цеца за „денот на вљубените“ одбра да биде ревносна баба и остана дома да го чува внукот. Потег што кај речиси сите нејзини обожаватели измами воодушевување
Да потсетиме, Светлана Цеца Ражнатовиќ е во врска со Богдан Срејовиќ од крајот на минатата година.Врската беше откриена на почетокот на јануари годинава, а двојката повеќе не се крие оттогаш.
Новиот избраник на Цеца ја доби поддршката и на нејзините деца, а семејството на Богдан исто така ја поддржува врската. Нив Цеца ги запозна кога отиде со него во Крагуевац да биде гостин на нивната домашна слава.