Бојана Родиќ и Мирко Шијан ќе станат родители за неколку месеци, а сега го прославија Денот на вљубените во ресторан во Белград.
Имено, синот на пејачката Гоца Божиновска се снимаше со бремената Бојана и напиша:
– Зарем животот не е една жена? Да, друже!
Со нив беше сестрата на Бојана, Наташа која беше во друштво на идните родители кои очигледно одлично се забавувале.
Инаку, Бојана и Мирко неодамна открија дека ќе станат родители, а идната мајка е на почетокот од бременоста.