Oткако Ѓорѓе Давид го обивни Александар Милиќ Мили дека ги „штелува“ микрофоните на неговите кандидати за да звучат подобро во „Ѕвездите на Гранд“, композиторот одлучи да стави крај на оваа тема.
„Тоа е голема глупост, јас го предупредив да не зборува такви работи бидејќи тој знае, а и сите знаат дека во „Ѕвездите на Гранд“ не може ништо да се намести, затоа што тоа шоу егзистира и на тој начин да е се отворено за секој“, вели Мили и додава:
„Никој не смее да има протекции…Таквите претпоставки се смешни, но и против политиката на куќата“, заклучува композиторот.
Потсетуваме, Ѓорѓе Давид во јануари изјави:
„Тоа што ќе го кажам или направам таму е во борба за кандидатите. Секој од нас има право да каже што гледа или слуша. Не сакам да навлегувам во тоа дали Мили погрешил или не. Оставам на публиката да заклучи. Снежана Ѓуришиќ ме подржа дека сум во право. Што се случи после, дали со уште некој зборував за „штелување“ на микрофони го оставам за себе. Секој од нас има свој став и тука нема извинувања, ако мисливте дека се извинив после снимањата – не. Саша Поповиќ беше на страната на Мили, а за тоа може само да кажам супер и прекрасно“.