Радио Милева естраден дон жуан

Актерот Вук Костиќ го поврзуваат со фолкерката Милица Павловиќ, а тој бил во врска со една друга позната српска поп-рок пејачка (ФОТО)

Актерот Вук Костиќ го поврзуваат со фолкерката Милица Павловиќ, а тој бил во врска со една друга позната српска поп-рок пејачка (ФОТО)

Вук Костиќ е српски Дон Жуан? Актерот бил со многу познати дами, а последната во серијата која призна дека се забавувала со него е поп-рок пејачката Ивана Петерс.

Општо е познато дека жените паѓаат на шармот на Вук, сепак, досега никој не знаеше дека тој успеа да го придобие поранешната пејачка на групите „Тап 011“ и „Негатив“. По долгогодишно молчење, Ивана реши да зборува за нивната врска.

„Вук ми се додворуваше пред многу години. Бидејќи си се допаѓавме, започнавме и врска. Тоа беше оддамна, па дури и не се сеќавам зошто раскинавме?“ – вели Ивана.

Таа има само пофални зборови за своето поранешно момче, со кое се’ уште е во добри односи.

„Тој е, пред сè, одличен актер. Единствено што не ми се допаѓа кај него е дека оди на лов. Но, јас не би откривала ништо повеќе за него и за мене. И ова што го реков е повеќе од доволно. Добро се криев сите овие годинидека сме билее заедно“ – вели пејачката, која очигледно веќе не можеше да крие дека со актерот имале љубовна врска.

https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/milica-pavlovikj-i-vuk-kostikj-se-muvaat-pejachkata-i-akterot-zaminaa-sami-na-planina-kje-se-vratat-li-kako-nova-ljubovna-dvojka-foto/

Се шпекулираше дека актерот е и со атрактивната пејачка Милица Павловиќ, но тие никогаш не го признале тоа. Неодамна двајцата беа заедно на кус одмор на Мокра Гора, а Милица секогаш има пофални зборови за него.

„Двајцата сме одлични пријатели, тој дури ме подготви за улогата во серијата „Пејачка“. Не запозна заеднички пријател и оттогаш ја градиме нашата врска“ –  беше мистериозна и двосмислена во одговорот пејачка, не појанувајќи на каква тоа „врска“ мисли?!

To top