Коронавирусот не ги заобиколи ниту познатите, па многу јавни личности прележаа корона. Некои од нив со силни симптоми, други со послаби, а некои ја изгубија битката.
Пејачката Ана Николиќ исто така прележа корона, а сега вели дека нејзиниот живот станал досаден и секој ден и изгледа трагично.
„Прележав корона, но поминав со полесна клиничка слика. Сепак, психички се потешко го поднесувам периодот на пандемијата. Се ова предолго трае, ми се случува да заплачем бидејќи короната однесе луѓе кои ги познавав“ изјави пејачката.
Николиќ истакна дека живееме во време на смрт, па дека е нормално луѓето да се плашат.
„Се плашам наутро да го вклучам телефонот бидејќи ми е страв да не се јават дека некој починал. Многу ме плашат лошите вести“ изјави Ана.
Ана има антитела на вирусот, но и понатаму ги почитува сите мерки.
„Од март претходната година сум во карантин со ќерката Тара и нејзината дадилка. Мојот живот стана досаден и многу трагичен, дури и мајка ми ја гледам ретко и тоа со маска. Најтешко ми беше кога заминав во Парачин и не можев убаво да ја видам својата баба. Се симна пред зградата, носеше две маски и визир, но не можев да ја бакнам“, вели Николиќ.
Пејачката откри како короната психички влијаела на неа.
„Се ова лошо влијае на психата. И во семејството имав смртни случаеви. Страшно е тоа што кога ќе ви се случи такво нешто не се препорачува да се оди на погреб за да не собираат луѓе. Не можеш да погребаш како што доликува оној кој го сакаш“, вели Ана.