Радио Милева секс за кариера

Уредничката и ТВ водителка Јована Јеремиќ проговори за непристојните предлози од политичари за да добие работа: „Ми понудија сè, само да спијат со мене“ (ФОТО)

Уредничката и ТВ водителка Јована Јеремиќ проговори за непристојните предлози од политичари за да добие работа: „Ми понудија сè, само да спијат со мене“  (ФОТО)

„Малечката која прави чуда“ – така себе си се опишува водителката и уредник на ТВ Хепи, Јована Јеремиќ. Водителката вели дека зборувала кога имала само шест месеци, секогаш била најдобра студентка, на 14 години уредувала тинејџерска емисија на локалната телевизија во Лазаревац, дипломирала на Правниот факултет со просек од 9,6… Таа го  водеше реалното шоу„Парови“, а на 29 години стана уредник на „Утринската програма“ во Хепи телевизија.

Сепак, нејзината животна приказна не е како од бајка. Јована за открива дека пред нејзината кариера во Хепи, година и пол била без работа затоа што не прифаќала непристојни понуди од поедини политичари!

„Секојдневно гледав од дома лица кои водат програми на телевизија, а немаат врска со она за што зборуваат. И плачев. Со сите мои успеси и дипломи, не можев да најдам работа. Добив ненормален број непристојни понуди во замена за вработување. Ми понудија сè само да спијат со мене. Имав голем проблем со еден политичар. Веќе не е на јавната сцена, но е сериозен кретен. Затоа го кревам мојот глас против елитната проституција во водителството! Бидејќи реков „не“, долго време бев без работа, токму поради ваквите „колешки“ кои дојдоа да работат преку креветот!“ –  ја започнува приказната Јована и забележува дека и се гади еод жени кои сè уште добивааат работа преку кревет:

„Има елитни проститутки во ТВ водителаството и новинарството, но тие не го продаваат телото за пари, туку за подобра позиција. Не може да биде пред камера само затоа што е убава или е нечија девојка или швалерка. Ова не е „Фешн ТВ“! Сигурна сум дека на крајот ќе опстанат само оние кои знаат вистински да работат, како што се Мира Адања Полак, Оливера Ковачевиќ, Весна Дедиќ … Јас успеав само благодарение на упорноста и работата. Не ме туркаше љубовник туку работата“ – објаснува Јована Јеремиќ!

To top