Во вчерашното и најново издание на кулинарското шоу „Брза кујна“ на телевизија Сител, шефовите и домаќинката Сања Савеска имаа изненадување за гледачите, односно учество на познатиот македонски актер Мартин Јорданоски.
Тој во шоуто дојде да готви заедно со својата сестра Ана, а му беше асистент на шеф Никола со кој пак се запознале преку љубовта кон видеоигрите на интернет.
Мартин тешко кој го препозна, но кога водителката Сања ги потсети гледачите дека тоа е Филип од познатиот македонски филм „До Балчак“, веруваме на повеќето им стана јасно за кој лик станува збор.
Мартин од времето на снимањето доста се променил, ја избричил главата и пуштил брада, но се уште си ја носи истата ведра енергија и позитивен дух.
Иако неговата сестра победи во готвење заедно со шеф Марк, Мартин од душа се насладуваше од специјалнитетите на шеф Никола.
Низ разговорот во студио тој се наврати на времењето на снимањето на „До Балчак“ и откри дека најтешко му било учењето на францускиот јазик кој го говореше во неколку сцени.
За потсетување, филмот е една остра романтична приказна која ја раскажува вечната македонска историја, потрагата по идентитетот и независноста која се гледа низ призмата на релативизмот на слобода, правда, љубов, жртва и предавство.
Актерот Мартин Јорданоски е. роден 1987 година во Скопје.Основно и средно образование завршува во родниотт град. Аматерски се бави со театар од свои 14 години. Се запишува на факултетот за драмски уметности во класата на проф. Владимир Милчин, каде и дипломира. 2012 година ,,ТДМ,, станува негова матична театарска куќа. Имал преку 10 премиери и ги толкувал ликовите на Могли, Капетан Кук, Мачорот во чизми, Страшилото, Данил Хармс и многу други.
Во драмскиот театар го има играно ликот на Џанго во претставата ,,Грев или шприцер,,. Активен е и на алтернативната театарска сцена со повеќе од 5 претстави. Има преку 30 детски концерти со македонската филхармонија, нах-синхронизирал над 30 детски анимирани серии, активен извидник е од 13 години, аматерски се бави со жонглирање и магионичарство т.е. илузионизам. На филмско платно се појавува во филмот ,,До Балчак,, каде ја игра главната машка улога. Филмот ,,Сенки,, и детскиот серијал ,,Петко 5+,, каде го игра ликот на Максимилијан.